Со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата, информира МВР.
Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени повеќе улици на потегот од општина Чаир досе до просторот пред Владата.
Последниот протест на 15 февруари заврши со насилства и апсења, за што три лица добија по една година затвор за учество во толпа, кои фрлаа со предмети кон полицијата и притоа имаше повредени и новнари и полицајци.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.






