Седницата на Собранието на која денеска требаше повторно да се избере Талат Џафери за претседател, се одложува и најверојатно ќе се одржи утре. Одложувањето е поради отсуство на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, дознава ТВ21.
За избор на старо-новиот спикер на парлементот потребни се гласови на 61 глас што се очекува да бидат обезбедени од СДСМ-БЕСА-ДУИ и ДПА кои заедно имаат мнозинство од 62 пратеници во Собранието.






