Комисијата за заразни болести денеска се очекува да даде препораката до Владата за дозвола за дневен престој на деца кои нема кој да ги чува по завршување на часовите.
Според директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика со Ковид-19 и од условите и критериумите што треба да се исполнат за воведување целодневен престој.






