Денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар, по завршувањето на средбите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот)



Хрватска и Аргентина вчера обезбедија п-ласман меѓу најдобрите четири репрезентации

Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако по регуларниот дел и продолженијата заврши нерешено 1-1.

Нерешено 2:2 икраа и Аргентина-Холандија (2:2) но со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0).

Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина е на програмата во вторник од 20 часот во Лусаил.