Денеска К-15 за вработените во МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека вработените во МВР денеска ќе го добијат надоместокот за годишен одмор за 2023 година.



Регресот изнесува 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

„Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните“, додаде уште Спасовски.