Денеска избор на нов состав на Антикорупциска

Нов претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се очекува да бидат избрани на денешната собраниска седница.



За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

За членови на идната ДКСК предложени се судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет .

Ако Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.

Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.