Денеска и утре сончево, но студено – од среда дожд

По студеното утро, времето во земјава денеска, ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност.



Утринските температури се движат од минус 5 степени во Берово, до плус 5 во Гевгелија, а максималните дневни ќа бидат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени.

Извесно затоплување ќе има в среда, за кога се очекува утринските температури да бидат од 5 степени над нулата, па нагоре. Во среда ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.