Дебатата за гласање недоверба на грчката влада по предлогот на Неа демократија продолжува и денеска, трет ден, во грчкиот парламент.
Главната битка се очекува да се одвива меѓу лидерите на СИРИЗА и на Неа Демократија Алексис Ципрас и главниот опозициски водач Киријакос Мицотакис, кои „ќе ги вкрстат сабјите“ како што пишува грчкиот сервис на Си-ен-ен, околу договорот меѓу Атина и Скопје за името.
Се проценува дека Нова демократија, Движењето за демократија и партијата „Потами“, ќе гласаат за недоверба, додека Унијата на ценарот испратила писмо до раководтвото на Неа демократија да го отфрлат договорот за името.
Пратеничката група на Комунистичката партија (ККЕ) вчера ја напушти седницата на парламентот со образложение дека не сакаат да учествуваат во „пародија“.
На седницата ќе отсуствува и пратеникот на „Златна зора“ Констанинос Барбаруцис кој е во бегство за да не биде уапсен откако вчера од парламентарната говорница повика на воен и побара апсење на претседателот на државата и на премиерот заради предавствона името „Македонија“.
Ципрас контролира 154 од вкупно 300 гласови во парламентот и се очекува дека „ќе го преживее гласањето“. Неговиот партнер Каменос од партијата Независни Грци тврди дека нема да гласа против Ципрас како што беше најавено, иако не го поддржува договорот со Македонија.
Се очекува жешка дебата откако министерот за надвортешни Никос Коѕијас за денеска најави дека ќе презентира 33 документи за тоа како во изминатите години се воделе преговорите за името од претходните влади.




