Грчкиот Парламент, по тридневна расправа, попладнево ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за изгласува недоверба на актуелната Влада.



За да биде изгласан предлогот на СИРИЗА и Владата да добие недоверба, потребно е мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има 156 пратеници.

Сепак според анкетите, Нова демократија на премиерот Кирјакос Мицотакис е најпопуларна со 30,2% поддршка од граѓаните, наспроти 24,3% за СИРИЗА.

Следуваат ПАСОК со 10,5%, комунистичката ККЕ (5%), националистичката грчка револуција (4,4%) и радикалната левица МеРА25 (2,9%). Партијата „Елинес“, предводена од затворениот Илиас Касидиарис, поранешен водечки член на забранетата неонацистичка партија „Златна зора“, има 2,5% поддршка

Конзервативниот лидер Киријакос Мицотакис останува најпопуларен со 38,8 отсто од анкетираните, пред лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас со 30,4 отсто.

Анкетатат покажа дека 46,3 отсто од граѓанните рекле дека трошоците за живот се главното прашање со кое се соочуваат.