Духовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најсветите празници во христијанството кога слави слегувањето наСветиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение.
На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 мај, Духовден – Слегување на Духот Свети.
Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан.
Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па сѐ до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за сѐ што се случува во црквата и на општ и на личен план.
Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.







