Денеска до 34 степени, а од утре…

Значително повисоки температури се очекуваат од утре во земјава, особено од средината на неделата.



Од среда, подрачјето на целата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно температурите ќе се движат во интервал од 35 до 39 степени.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.