Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами ќе сведочат на рочиштето за случајот “Минструм”,денеска, по покана на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
На претходните рочишта како сведоци се појавија лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
На едно од претходните рочишта беа прочитани СМС пораки кои меѓусебе ги испраќале Џелал Бајрами, тогашниот заменик министер за внатрешни работи, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тие разговараат неколку дена по петкратното убиство, односно Ахмети на 24 април во 7.34 часот, го прашува Бајрами каква е состојбата, по што добива одговор:
„Чекаме претседателе, нема многу јаки докази. Јасно се гледа дека биле професионалци. И на премиерот му реков. Не се случувало вака да егзекутираат деца од зад грб. Ова го немаше ниту во војната во Косово, ниту во војната во 2001 година. Ако некој сакал дестабилизација ќе нападнел униформирани лица, полициска станица… Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија. Биле професионалци, не оставиле никакви траги, освен на трагите на гумите од автомобилот, му вели Бајрами на Ахмети.
(Фокус)




