Според неофицијални информации денеска има околу 50 нови случаи на корона вирус во земјава од кои 30 во главниот град, дознава „Сител“.
Од Центарот за јавно здравје за „Сител“ велат дека и понатаму жариште во Скопје е општината Чаир каде што се и денешните нови дијагностицирани случаи.
Речиси во секоја скопска општина има по еден до двајца новозаразени, но и на активни случаи од корона вирусот.
Во зависност од бројот на новозаразените ќе биде одлучено дали бидат воведени локални карантини во оние општини каде што има најмногу заболени, соопшти вчера министерот зас здравство Венко Филипче.






