За денеска е закажана собраниска седница за предлогот на Владата за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, но и за здравство, Фатмир Меџити, кадаѝр на Алијанса на Албанциуте, откако „фракцијата на Села“ до техничкиот премиер ја достави одлуката на партиската кадровска комисија за разрешување на споменатите министри, кои се „блиски“ со претседателот на партијата Арбен Таравари.
Села им најде замена на министрите Меџити и Алиу
Владата испрати писмо до Собранието наместо Алиу за министер да биде именуван Наим Бајрами, а наместо Меџити – Илир Демири.
Но, неизвесно е дали разрешувањето ќе помине лесно.
Имено, на 28 јануари техничката Влада беше изгласана со гласовите на 65 пратеници. Но, по поделбите во АА, пратениците на оваа партија Халил Снопче и Абдула Салиу му даваат поддршка на Таравари и речиси извесно е дека нема да гласаат „за“ разрешување на Меџити и Алиу.
Мендух Тачи нема да поддржи министри предложени од Села
Освен овие двајца пратеници, не се знае дали за разрешување на министрите ќе гласаат пратеникот на ЕДП Бастри Бајрами, пратеникот на ДПА Мендух Тачи, но и независниот пратеник Хисни Исмаили.
ТВ21 дознава дека партијата на Арјанит Хоџа е незадоволна од ДУИ, бидејќи до сега не го презела директорското место на Клиниката за стоматологија, две други директорски позиции, но не беа исполнети и други ветувања.





