Кривичниот суд денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”.
Обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната пратеничка Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски и Кристина Блажевска.
Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот Бојан Јовановски, како претседател на невладината организација Меѓународен сојуз, кое правно лице е исто така обвинето, ја искпористил организацијата за да изнудува пари за себе…







