Почнува судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на 20 годишниот Никола Саздовски-Саздо.
Саздовски, на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, почина на КАРИЛ.
Тој беше претепан со боксови и клоци по главата и градите, а ударите продолжиле и откако паднал на земја.
Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б.(20) и Скендер Р.(21) за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.
По третиот осомничен Ј.Ж.(19), кој се уштене е достапен на властите е распишана меѓународна потерница.





