На денешната седница на Владата ќе се најде барањето на Општина Куманово за воведување 14-дневен карантин со целосна забрана за движење на жителите,
Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјави дека барањата на кумановскиот кризен штаб биле разгледувани на состанокот на Комисијата за заразни болести, а крајна одлука ќе се носи на седница на Владата.
Воведување на засилени мерки за спречување на ширењето на вирусот, уште еднаш побара општински штаб за заштита и спасување на Куманово.
Освен што побараа 14-дневна изолација со 24-часовна забрана за движење, апелираа и побрзо да стигаат резултатите од тестирањето за ковид-19.






