Со наслов ,,Неспособни” екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со доза на иронија поставува прашање за ситуацијата во Македонија во која речиси секој ден има некаков скандал, физички напад во институции, напад врз полицајци и слични криминални ситуации.
,,Денес ќе има вооружен физички упад во некоја институција или болница?
Или одмараме”, прашува иронично Димовски.
За десетина дена Македонија ја погодија десетина насилства и скандали од кои само мал процент се веднаш решени.
Меѓу другото 8 членови на ДУИ влегоа да тепаат вработени во МНАВ а во престрелка во болницата во Тетово пет напаѓачи употребија автоматско оружје.
Додека државата тоне во насилни ситуации министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на патување во Америка.






