Во најголемиот дел од земјата денеска ќе се задржи сончево и натпросечно топло време, со мала до умерена облачност.
Во текот на денот ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој повремено и особено во западните делови ќе засилува.
Наутро темперературата ќе се движи во интервал од 11 до 17°C, а дневната од 28 до 35°C.
УВ индексот ќе инесува 7.
Времето ќе биде сончево и топло и во Скопје со максимални 32 степени.
Исто време нѐ очекува и в петок, додека во сабота се најавува прилично нестабилно време со поројни дождови.
Од недела веќе се очекува пад на температурите и заладување.







