СОНК денеска започна со генерален штрајк во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков утринава се огласи преку социјалните мрежи:

Од Синдикатот се одлучија на ваков чекор откако на неколку средби со ресорните министерства и Владата не беше постигнат договор во врска со нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти. Од Синдикатот посочуваат дека целата на ова барање е усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари, што веќе стапи во сила.







