Утре Македонија ќе биде блокирана еден час како Едночасовна блокада во знак на протест поради францускиот предлог е планирана за денес низ целата држава.
На синоќешниот протест пред Собранието беше најавено дека денеска ќе има промена во начинот на протестирање.
Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади, а организаторот на протестот најавува дека дополнително ќе објави информации каде ќе има блокади.
„Ве повикуваме, утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат блокадите. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на македонската држава.
Да живее Македонија, рече Ивица Боцевски кој се обрати пред присутните на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам“.







