Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се обрати на граѓаните на ЕУ и порача дека Унијата набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и дека им се ставени на располагање на сите членки на ЕУ истовремено.



Денешпниот ден кога официјално започнува масовна вакцинација на најранливите категории, е наречен „Ден-V“,

„Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се сретнеме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници “, рече Фон дер Лајен и повика „да останеме сите заедно безбедни и да ја направиме 2021 година година на европско закрепнување и надеж“, рече Фон дер Лајен.