Италијанската Влада го прогласи денешниот ден за национален Ден на жалост, на кој ќе биде организирана државната погребна церемонија по смртта на поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија „Форца Италија“, медиумскиот магнат и милијардер, Силвио Берлускони.
Италијанските и европските знамиња се веат на половина копје на јавните згради во Италија и на дипломатските и конзуларните згради во странство.
Погребот на Берлускони ќе се одржи во 15 часот, а во миланската катедрала а церемонијата ќе ја предводи миланскиот надбискуп монсињор Марио Делпини.
На плоштадот пред катедралата се поставени големи екрани за јавноста да може да го следи погребот.







