Ден Дончев веќе не е директор на ФЗОМ

Досегашниот диуректор на Фондот Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднесе оставка – од семејни и здравствени причини.



Владата на денешната редовна седница ја прифатила оставката, потврдиле од Владата.

Нафункцијата директор на Фондот Донечл беше од во август 2017 година.

Неговото име се споменуваше од опозицијата како активен учесник во аферата која ја нарече „Рекет 2“, односно за случајот „Диамед“.

Според ВМРО-ДПМНЕ и поранешната сопственичка на „Диамед“, Дончев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обидел да ја попречи продажбата на оваа компанија на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.