Откако неделникот „Фокус“ објави дека екс-директорот на ФЗОМ во 2018 година примил 50.000 евра по основ на плати за консултантски услуги од австралиска фирма и преку компанија „Ремаркет“ регистрирана во селото Муртино, сега открива дека и во 2019 Ден Дончев примил уште 80.000 австралиски долари.
Како и спорните 50.000 евра, така и овие 80.000 австралиски долари кои лергнале на негова сметка на 26 јуни лани, не се пријавени во имотното досие на Дончев.
Во врска со исплатата на 50.000 евра од „Ремаркет“ во 2018 година, Ден Дончев ја убедуваше јавноста дека парите што ги добил од „Ремаркет“ за консултантски услуги што ги дал за австралиската фирма „Мегантик“ биле легални и најуредно пријавени во Управата за јавни приходи и за нив бил платен данок.
Засега нема изјава од Дончев за исплатата од 80.000 австралиски долари што ја откри „Фокус“.





