Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, на денешната прес конференци ги отфрли обвинувањата дека сакал да спречи продажба на дирмата „Дијамед“ на заинтересирана шведска фирма. Против него кривичната пријава поднесе од Вера Иванова, поранешна сопственичка на „Диамед“ дека тој и министерот Венко Филипче ја оневозможувале продажбата на „Диамед“ на шведската „Диаверум“ со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.
„Ја сфативме тежината на проблемот и им кажавме дека овде ќе следи истрага. Нивно беше да си одлучат за следните чекори. Но наше беше да ги предупредиме, бидејќи доколку таа истрага утврди дека имало злоупотреба на службена положба на некој од функционерите на власта“ рече Дончев.
Диаверум“ била двапати писмено предупредени од Фондот за здравство за сомнежите за злоупотреба со „Диамед“, кои ако се докажат може да дојде до одземање на концесијата.
„Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ кои ја застапуваат подносителката на кривичната пријава.
Адвокатот давидовиќ вели дека докази има, разговорот меѓу Филипче и директорот на Диавериум.
„Како и да одлучи Обвинителството, ќе ги искористиме сите инстанци да вистината да се дознае“, вели Звонко Давидовиќ адвокат.





