Демонстрантите во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, урнаа споменик на Џорџ Вашингтон и запалија американско знаме.
Бронзениот споменик на првиот американски претседател беше урнат во четвртокот ноќта, а на него беа испишани пораките „BLM“, акроним за „ Black Lives Matter“, „е*** полицајци;” „нема добри полицајци“.
Вашингтон, првиот претседател на нацијата, поседуваше робови, но подоцна започна да се спротивставува на ропството и нареди да се ослободат неговите робови по смртта на неговата сопруга.
За време на демонстрациите, кои започнаа по убиството на Џорџ Флојд за време на апсењето минатиот месец, многу статуи во чест на Конфедерацијата и на историски личности кои го подржувале ропството во Америка се уништени.






