Граѓани кои попладнево мирно протестираа во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата откако се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им бил забранет пристапот. 



Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР, јавува ТВ24.

Демонстрантите прво се собраа на градскиот плоштад, па оттаму тргнаа кон зградата на Општина Тетово бараа одговорност за трагедијата во модуларната болница што се на 8-ми септември.

„Што побрзо треба да има одговорност. Еве, пројде една недела, а семејствата на починатите и натаму не знаат зошто се случи тоа. Одговорност треба да понесат сите во Владата“, кажа Фикрет Далипи од село Бозовце, еден од учесниците на протестот.