Граѓаните на градот Винто, незадоволни од ситуацијата во Боливија, се приклучија на протестите ширум земјата на оригинален начин: ја извлекоа на улица градоначалничката Патрисија Арсе, на која ѝ ја исекоа косата и ѝ ја офарбаа во црвена боја.
Винто, град со 60.000 жители, е преплавен со маскирани луѓе кои го пустошат градот.
Арсе беше обвинета од демнострантите дека регрутирала приврзаници на Владата на Моралес и ги довела во градот да ги разбијат протестите, пренесуваат странските медиуми.
Нападот врз градоначалничката го осуди претседателот Ево Моралес.





