„ДУИ сака да ги претстави физичките напади врз професионалците-Албанци во како патриотизам.“ – реагира Демократското движење на Изет Меџити, кое е дел од Европскиот сојуз за промени на здружената албанска опозиција, во врска со упадот на милитантите на ДУИ, предводени од Беким Незири, шефот на нивниот партиски огранок во Чаир, во кулата за контрола на летови и тепањето на контролорите на летање во М-НАВ.
Во реакцијата на Демократското движење, која ја пренесува ТВ Алсат, натаму се истакнува: „Ова не е прв пат. Претходно на најнизок начин со јавен линч низ порталите на Артан Груби ја нападнаа претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Само затоа што не потпадна под притисок на ДУИ да го врати Груевски во * Македонија.“





