Да се трвди дека Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и Македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот, велат од партијата Демократски сојуз на Павле Трајанов.



Партијата смета смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија, се обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања.

Гоце Делчев е македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија. Тој е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.
„Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и Македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот“.

Демократскиот сојуз апелира да не се прават компромиси на штета на нашите национални интереси или да не се прифаќаат условувања и диктати поради некакви “пошироки цели и интереси”.