Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата крајно десничарка противкандидатка Марин Ле Пен нема да успеат да ги постигнат резултатите за кои се надеваа во првиот круг на регионалните избори во Франција.
Ова го покажуваат сè уште нецелосните резултати од вчерашните избори, објави Би-Би-Си.
Центристичката партија на Макрон се предвидува да освои повеќе од 10 проценти од гласовите – колку што е доволно за да учествува во вториот круг следниот викенд..
Еден од неговите заменици, Орор Берге, рече дека станува збор за „демократска шлаканица во лице за сите нас“.
Екстремно десничарската партија на Ле Пен се чини дека е на второто место.
Ле Пен ја оцени рекордно ниската излезност – околу 66% воздржани – како „граѓанска катастрофа“ и ги обвини властите дека не успеале да ја вратат довербата во институциите.
Иако се работи за локални изборим се смета дека гласањето во неделата беше увертира во претседателските избори следната година, кога Макрон очекува да добие втор мандат.






