“Демократот на денот” се сликал на илегална платформа и блокира коментари

Заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски е посочен за демократ на денот од страна на Стружанецот Иљче Затаракоски, еден од најдуховитите и најлуцидни Македонци критичари на негативни појави и луѓе.



“Од демократи и почитувачи на различното мислење за денес го издвојуваме – Андреј Жерновски, либерал, екологист и дечко за сѐ.

Еден коментар на негова фотка од нелегално изградена платформа среде езеро во Радожда, на која најверојатно пие и јаде на моја сметка, беше доволен за спасителот на статусот на УНЕСКО да ме избрише и да ми блокира коментари. Блок за сите!”, пишува Затаракоски.

Не можејќи да се соочи со критиките и јавната дебата во која се зборува за неговата лицемерност за заштита на Охридското езеро Жерновски ја избришал фотографијата со статусот и сите коментари.