Демократите блиску до контрола на американскиот сенат

Демократот Рафаел Ворнок вчера испиша историја откако стана првиот Афроамериканец од Џорџија кој освои место во американскиот Сенат.



Демократите се близу до освојување мнозинство во американскиот Сенат, што би значело контрола на Претставничкиот дом, Сенатот и Белата куќа по четири бурни години под Доналд Трамп.

Доколку републиканците освојат едно од двете места, тие ќе го задржат мнозинството во американскиот Сенат, што ќе им овозможи да ги блокираат законодавните иницијативи на Џо Бајден.

Ворнок, пасторот на баптистичката црква во Атланта е и првиот демократ од 20 години што ќе ја претставува американската сојузна држава Џорџија во Сенатот.

Тој ќе му се придружи на републиканскиот сенатор Тим Скот од Јужна Каролина како единствени афроамериканци во Сенатот на САД:

Но, пасторот ќе биде првиот црн демократ од Југот што ќе заземе место во американскиот Сенат. Тој исто така стана 11-тиот црнец во историјата на земјата кој служел во горниот дом.

Се чекаат резултатите од вториот круг меѓу демократите Џонсон Ософ и републиканецот Дејвид Пурдју.