Мнозинството пратеници во Претставничкиот дом на САД, каде во мнозинство се демократите, изгласаа административниот округ Вашингтон да биде 51. држава на САД.
Републиканците се очекува да се обидат да ја блокираат иницијативата во Сенатот, каде се предвидува тешка борба со неизвесен исход, бидејќи и демократите и републиканците имаат по 50 претставници во Сенатот, пренесуваат медиуми..
Републиканците стравуваат дека претворањето на Вашингтон во сојузна држава трајно ќе им обезбеди на демократите двајца дополнителни претставници во Сенатот.
Од свцоја страна демократите кои со децении се залагаа Вашингтрон да стане држава главниот град на САД, овој пат се охрабрени од победата на Џо Бајден на изборите минатата година, како и од контролата врз двата дома на Конгресот.
Последните територии кои добија ваков статус беа Хаваите и Алјаска во 1959 година.
ВО САД веќе има сојузна држава со име Вашингтон






