Според податоците од Републичкиот завод за статистика, бројот на новородени Македонци во земјава минатата 2018 година бил само 10.862.
Ова значи дека на Македонија и се заканува права демографска катастрофа. Особно затоа што што веќе во првите 4 месеци од актуелната 2019та година има 940 деца помалку родени во однос на историски најлошата 2018-та година, покажува заедничката анализа на „Конзерватив МК“ и „Економски Лидер“.
Во 1992, првата година од постоењето на независна Македонија убедливо се родиле најмногу деца, дури 17.380. Понтаму, следува пад, кој малку позабалежлив во годините кога земјата не е во политичка криза.





