Министерството за правда веќе подготвува измени со кои ќе се воведува ново кривично дело како дополнителна заштита во случаи како што беше оној со скандалозната „Јавна соба“.
Се објаснува дека „Тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“ .
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна и разговараше со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“.
фото: Министерство за правда




