Демирај: „Авганистанските бегалци да се надгледуваат 24 часа во оградени простори!“

„Бегалците од Авганистан, на кои им се дава засолниште во Македонија, Албанија и Косово, треба да се сместат во обезбедени и оградени простори, каде што ќе бидат набљудувани 24 часа непрекинато!“ – нагласи пензионираниот полковник на албанската армија Дритан Демирај, доктор на науки за одбрана, безбедност и противтероризам, во изјавата дадена за ТВ Клан Македонија.

Клан Македонија напиша: „Полковникот Дритан Демирај, познавач на случувањата во Авганистан, коментирајќи ја подготвеноста на Македонија, Албанија и Косово да им се даде засолниште на бегалците од Авганистан и дали тие претставуваат опасност за месното население, во изјава за ТВ Клан Македонија вели дека тие треба да се сместат на места каде што ќе можат да се набљудуваат во текот на целото време.“

„Авганистанските бегалци треба да се сместат на безбедни, оградени места од каде што ќе може внимателно да се надгледуваат 24 часа непрекинато. Потоа, постепено со текот на времето, а и врз основа на сознанија за составот на овие групи и на доброто искуство, што бездруго веќе го имаат во оваа насока разузнавачките служби, полициските служби и агенциите за безбедност, сметам дека нема да се појават проблеми.“ – предупреди во својата изјава Дритан Демирај.

Безбедносни и полициски институции и во Македонија треба да му придадат соодветно внимание на предупредувањето на овој безбедносен експерт – професор по национална безбедност на универзитетски колеџ во Албанија, кој е и нејзин министер за внатрешни работи во 2017 година, со големи искуства од свои борбени мисии во Авганистан.

Извор: http://klanmacedonia.mk/koloneli-demiraj-refugjatet-afgan-te-monitorohen-gjate-gjithe-kohes/