Делумната мобилизација во Русија завршена, 82.000 резервисти веќе се во Украина

Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, го извести претседателот Владимир Путин дека делумната мобилизација почната во септември е завршена и оти на фронтот во Украина веќе се распоредени 82.000 резервисти од 300.000 мобилизирани.



Преостанатите 218.000 резервисти ја завршуваат обуката.

Мобилизацијата главно ги опфати резервните воени обврзници со претходно борбено искуство, велат од Кремљ.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, пак, се сомнева дека руската делумна мобилизација е завршена. Промосковските сили, според него, имаат лош ефект на теренот, па можеби ќе им треба дополнителен број мажи.

„Многу наскоро на Русија можеби ќе и треба нов бран луѓе што ќе ги испрати во војна“, изјави тој во видео обраќање.