Три нови случаи со „делта“ сојот, познат како индиска мутација на корона вирусот, се потврдени во земјава. Еден од случаите е четириесет и тригодишен велешанец кој е хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница и е во стабилна состојба. Двата други случаи ги пријавија од клиниката „Жан Митрев“. Станува збор за наши државјани кои не биле во странство. Во меѓувреме се испитуваат уште 4 сомнителни слачаи на индиската мутација.
Потврдите за новите случаи со мутацијата од Индија доаѓаат само еден ден откако Комисијата за заразни болести одлучи да не се препорачуваат рестриктивни мерки за заштита од овој сој.






