Косово регистрира двајца заболени со делта сојот на коронавирусот, соопшти денеска косовското Министерство за здравство.
„Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника ‘Шарит’ во Берлин, варијантата делта на САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока“, соопшти Министерството.
Двајцата заболени имале симптоми, но веќе ја добиле битката со сојот.
Варијантата делта првпат е откриена во Индија во декември 2020 година, а денес е една од највознемирувачките варијанти во светот. Истражувањата покажуваат дека ова е можеби најбрзо распространетата варијанта и позаразна од британскиот сој.






