Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово известуваат дека заради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии во 100 мл, испитаните примероци на вода за пиење во населените места с.Стримница и с.Желино – опш.Желино како и од с.Орашје – опш.Јегуновце, водата за пиење НЕ ОДГОВАРА на прописите за бактериолошка анализа. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење. Исто така испитаниот примерок вода за пиење од населеното место с.Сараќино – опш.Тетово, НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен, најверојатен број колиформни бактерии во 100 мл и присуство на Escherichija coli индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата.




