Европскиот центар за транспортна политика (ЕЦТП) констатирал голем број грешки и прекршоци во новата „организација на сообраќајот“ на делницата на автопатот Струма, каде во несреќа на автобус на Беса Транс, загинаа 45 лица, објавија бугарски медиуми.



Според ЕСТП, работата на новите патни ознаки, патната сигнализација и заштитните огради е со крајно незадоволителен квалитет.

Од центарот посочуваат дека новите ознаки на патиштата се неквалитетни и не ги задоволуваат регулаторните барања.

Во оваа ситуација, можноста за доведување на возачите во заблуда и нивна опасна грешка станува уште поголема.

Со други зборови, организацијата на сообраќајот „создава опасност наместо безбедност“, се вели во соопштението на Центарот.

Исто така се додава дека дека заштитните огради се неквалитетни.