Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија


Со потврдени 84 продадени возила за само 2 месеци, уште пред официјалното лансирање, Geely моделите на македонскиот пазар станаа еден од најбрзо-растечките авто-брендови во Македонија.



Делфино Мобилити Груп официјално пред македонската јавност го лансира најпродаваниот модел на Geely, Coolray, на свечен настан каде беше претставен и GeelyStarray, сосема нов модел првпат промовиран во Македонија од сите европски земји. 

Двата Geely модели се достапни за купувачите во првиот и единствен од ваков вид, поп-ап салон лоциран во трговскиот центар Џевахир, каде е овозможено на иновативен и непосреден начин запознавање и доживување со возилата на Geely. Како и во салонот, и на самиот настан присутните гости  имаа можност да влезат во автомобилите, да ги разгледаат и од прва рака да ја оценат ексклузивноста на Geely моделите.

Бројот и динамиката на продадени автомобили го потврдува потенцијалот на овој нов бренд, но и недостатокот на пазарот од ваква понуда и исклучителен автомобилски бренд.

„Горди сме и посебно мотивирани што го овозможивме и направивме достапен и за македонските граѓани овој динамичен и иновативен бренд на автомобил. Продажбатаво само два месеци, покажа дека македонскиот автомобилски пазар има потенцијал за растење и проширување, посебно со понуда како што е Geely, рангиран меѓу топ 10 најпродавани автомобилски брендови на глобално ниво и автомобил создаден со кинеска виртуозност и перфекционизам, но со европска ДНК“, истакнаа Илија и Сашо Тоневски, сопственици на Делфино Мобилити Груп при лансирањето на новите модели. 

Навлегувањето на Geely на македонскиот пазар, беше поздравено и од кинескиот амбасадор во Македонија, како зајакнување на деловните врски помеѓу Македонија и Кина,  кој исто беше присутен на промотивниот настан.

Моделот Coolray е веќе достапен за тест возења и купување во Македонија, во салонот во Џевахир мол, а Geely Starray, првпат виден во Македонија, се очекува да започне со продажба во третиот квартал на 2024 година.

Geely во својата групација ги поседува светски познатитебрендови Волво, Полстар (Polestar), Линк&КО(Lynk&Co), Zeekr и Смарт (Smart) а има 12% удел во Aston Martin и 10% од Daimler. Дополнително, има склучено мултимилијардерска соработка со Renault за развој на најсовремени мотори. 

Совршеноста на Geely моделите е изградена врз размена на технологијата со неговите европски партнери и стратешки сојузи што ја зајакнува неговата глобална конкурентност и технолошка предност.

Delfino Mobility Group е компанија со богата историја во автомобилската индустрија која трае повеќе од 30 годиниод кои дваесет години успешно управува со франшизата на Sixt во Македонија а од 2023 година и Sixt Албанија. Располага со повеќе од 1 000 возила низ регионот. Воведувањето на Geely во веќе богатото портфолио означува ново возбудливо поглавје и значајно проширување со автомобилски брендови и ексклузивни модели.