По апелот на директорот на струмичката болница Наќе Гогов, кој вчера на Фејсбук апелираше за донации за набавка на ново амбулантно возило, реагираше Владата.



Преку пратеникот и поранешен портпарол на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, кој напиша дека во консултации со премиерот Заев и со министерот Филипче било обезбедено ново амбулантно возило кое во Струмица треба да стаса до декември оваа година.