Твитер-акаунтот Zaev internation oficial fan се избори за твит на денот во кој се надоврзува на актуелната дебата со Бугарија за етничката припадност на револуционерите Гоце Делчев и Јане Сандански, ставајќи ги во корелација со „визионерството“ на премиерот Зоран Заев.
„Не разбирам зошто на граѓаните им се потребни исламофоби како господата Гоце Делчев и Јане Сандански кога имаат космополити со моќна визија како мене“, напиша твитерџијата што прави пародија од изјавите на Заев на англиски јазик на ниво на тоа на претседателот на Владата на „Северна“.





