Ако денес, по 150 години, Македонците во Бугарија, членка на ЕУ, сѐ уште не можат да се декларираат како такви, како можел да го стори тоа Делчев тогаш? Ние не постоиме за Софија. Ако сега се изјаснат како Македонци, луѓето бргу ги губат работните места. Така се врши присилната асимилација. Како било во времето на Делчев, ценете сами, пишува поранешниот амбасадор Ристо Никовски, во колумна за „Нова Македонија“.
Од времето на Гоце, во Бугарија постојано се прогонувани, апсени, малтретирани, та и убивани илјадници Македонци. Националното чувство било доволна вина за страшен, нецивилизациски погром. Ова се општо познати факти, без потреба да се докажуваат. Ако некој, сепак, не верува (Захариева, на пример) нека го прелиста весникот „Народна волја“, кој излегува во Благоевград, и ќе најде несфатливи трагични човекови судбини, жртви на вековната злосторничка бугарска политика кон Македонците.
Софија мавта дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, а не кажува дали можел да се декларира како Македонец без да биде прогонуван?





