Делчев е “лажен” мит, битка за Дељан и Војтех кои во Македонија правеле бугарска држава

Решението за Гоце Делчев е “лесно достижно” затоа што тој е мит и резултат на непрофесионална идеја која треба да се храни од историчарите.



Ова за еден од главните проблеми на македонско – бугарската комисија за историја го изјавил заменикот претседател од бугарска страна Наум Кајчев уште пред средбата во Скопје.

Според Кајчев колегите – членови на Комисијата од Република Македонија предложиле необичен дневен ред, кој вклучувал многу протоколарни и општи прашања а намерите на бугарските членови биле да се фокусираат решение за Гоце Делчев како личност од, според Софија, заедничката историја.

Според Кајчев резултат за Делчев е лесно достижен затоа што тој е лажен мит врз основа на која е создадена македонската нација а задача на секој професионален историчар е да ги открие лажните митови зошто се друго водело кон ќорсокак.

За таа намера Кајчев барал решение за Гоце да се бара во неговите писма со Никола Малешевски и неговите револуционерни другари.

Бугарската страна според професорот Кајчев сака да се потврди дека Самоил е бугарски цар, да ги расчисти востанијата на Петар Дељан и Ѓорѓи Војтех од 11 век и да се избришат за нив спорните настани и ликови од средниот век кои се споменуваат во македонските учебници за 6 одделение.

Бугарските научници сакаат да докажат дека иако востанијата на Дељан и Војтех се воделе во центарот на територијата на Македонија тие имале за цел да создадат Бугарска држава, пренесуваат бугарските медиуми.

Целта на овие позиции на бугарските историчари е да се докаже дека обидот за формирање на бугарската држава настанал за прв пат во единаесеттиот век на денешната македонска територија со што според нив ќе се докаже исконскиот бугарски карактер на Македонија.

Според Кајчев рокот од 10 ноември што го даде премиерот Борисов за решение на спорот не се однесува само на историчарите и комисијата со што ја префрли топката кај Борисов и Заев кои треба да се сретнат на почетокот на Ноември во Софија.