Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, во Тирана изјави дека Харадинај не заслужува да ја извршува функцијата и дека Косово не може да биде држава.



Карла Дел Понте смета дека премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, во првостепена постапка е осуден од Хашкиот трибунал за воени злосторства.

Во изјава за албанската телевизија „Ора њус“, Дел Понте, на маргините од презентацијата на својата книга за војната во Сирија, изјави дека се уште има многу работа да се направи во поглед на казнувањето на воените злосторства во поранешна Југославија.

Хашкиот трибунал на двапати го ослободи Харадинај. По првото судење, Харадинај беше ослободен од обвинението за злосторства во Косово во 2008 година, по што Жалбениот совет ја поништи оваа пресуда и нареди нов судски процес, но тој, исто така, и во обновениот процес беше ослободен.

Дел Понте смета дека Косово ја имаче „привилегијата“ да биде признаена како држава, што според неа било „прерано”, и затоа за за неа „Косово е неизвесно“, пренесува Б92.