Од Центарот за управување со кризи велат дека едниот крак на пожарот кај Ајватовци е ставен под контрола, а вториот крак се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера.
Но, додаваат дека нема опасност по населените места. Вчера имаше пожари во Битола и во околината на Кочани.

Инаку, над селото Ајватовци се гасне пожарот со тоа што е на располагање – од летала, до пожарникарски возила, па се до лопати. Се гасне од небо, се гасне и од копно. Силината на пожарот варира според временските услови.
Опасност по селото Ајватовци или други населени места – нема, смируваат надлежните. Чадот се гледа од селото и острата миризба е сеприсутна. Сепак, теренот е далеку и тешка е проодноста. Без проблем стигнуваат само теренските возила на службите.





